Србите поставија две нови барикади во северна Митровица

 

 

Србите поставија две нови барикади во Северна Митровица, Курти се закани дека е прашање на денови кога ќе ги отстрани барикадите, Србија синоќа ја подигна борбената готовност на војската и полицијата.

Србите поставија две нови барикади во Северна Митровица, Курти се закани дека е прашање на денови кога ќе ги отстрани барикадите, Србија синоќа ја подигна борбената готовност на војската и полицијата, топови и хаубици од голем дострел се поставени во близина на преминот Јариње. Тензиите на Косово траат веќе 18 ден.

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за босанскиот портал „Istraga“ изјави дека КФОР побарал дополнително време за отстранување на барикадите, но дека прашање е на денови а не на месеци кога доколку мисијата на НАТО не ги отстрани, тоа ќе го сторат косовските власти.

„Не знаат ништо друго освен да ги повторуваат грешките од 90-тите кога направија барикади во Босна и Хрватска. На некој начин тие само знаат да се повторуваат себе си. Знам дека ова не може предолго да трае. Ако КФОР не е во состојба да ги тргне барикадите или не сака поради за мене непознати причини, тогаш тоа ќе мораме да го сториме ние.“- Албин Курти Премиер на Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера од Рашка изјави дека тој прв ќе загине, но дека нема да го даде српскиот народ. Toj, како врховен командант на вооружените сили, синоќа нареди српските вооружени сили да бидат на највисоко ниво на подготвеност, до степен на употреба на вооружена сила, изјави министерот за Одбрана Милош Вучевиќ.

„Војската на Србија е на највисок степен на готовност до ниво на употреба на вооружени сили.Нема причина за паника, но има причина за загриженост, бидејќи се чини дека Србија е единствената заинтересирана да разговара, политички да се договара, дури и да се сретне илјада пати додека не се најде некаков договор и решение.“-Милош Вучевиќ, Министерот за Одбрана на Србија.

Ситуацијата во Косово ескалираше последните две недели откако косовската полиција уапси поранешен полицаец под сомнение за „нарушување на уставниот поредок“, на што локалните Срби возвратија со поставување барикади, барајќи негово ослободување.

Дополнитлно страстите зовреа откако косовските власти му забранија на партијархот Порфириј да влезе на Косово и да оди во Пеќската патријаршија, што е прв пат во историјата.

27.12.2022 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега