„За влакно“ избегнат нов терористички напад во Турција - специјалците уапсија 5 лица
На југоистокот на Турција се уапсени пет лица кои имале инструкции од Иран и подготвувале терористички напад, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
Тој на прес-конференцијата додаде дека тие се уапсени во провинцијата Ван во источна Анадолија, која се наоѓа во близина на границата со Иран, пренесува РИА Новости.
На 13 ноември во терористички напад на централниот плоштад Таксим во Истанбул загинаа шест лица, а 81 лице беа повредени.
Жената осомничена за нападот беше уапсена и призна дека имала врски со Курдистанската работничка партија (ПКК).
28.12.2022 - 19:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа