Путин му испрати новогодишна честитка на Вучиќ

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ се најде на избраниот список на државници на кои Владимир Путин годинава одлучи да им упати новогодишни честитки. Рускиот преседател на својот српски колега му посака и понатаму да градат билатерални односи.

Честитајќи ја Новата година и Божик на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Владимир Путин истакнува дека „руско-српските односи, во годината што изминува, се развивале прогресивно на принципите на стратешкото партнерство: практична соработка во трговската, економската, културната и хуманитарната сфера, продлабочена доверба, политички дијалог и координација на напорите во меѓународните и регионалните работи, што е посебно потребно во актуелната тешка геополитичка ситуација“.

„Се надевам дека со заеднички напори ќе можеме и понатаму да градиме конструктивна и повеќестрана билатерална соработка за добробит на братските народи на Русија и на Србија“ – истакнува Путин во честитката за Вучиќ.

Освен на Вучиќ, рускиот претседател им упати новогодишни честитки и на челниците на Белорусија, Казахстан, Индија, Кина, Куба и наТурција. Што се однесува на челниците во ЕУ, Путин му упати честитка само на унгарскиот претседател Виктор Орбан на кого му напиша дека „ и покрај тешката меѓународна ситуација, односите меѓу двете земји одржуваат позитивен тренд“.

 

30.12.2022 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа