„Мекдоналдс“ ја напушта Босна и Херцеговина

 

 

Светскиот ланец на ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ вечерва ги затвора своите ресторани во Босна и Херцеговина и престанува да работи во земјата, јавија локалните медиуми.

 

Според информациите, глобалната компанија ги затвора петте ресторани во Сараево и Мостар поради проблеми со франшизата.

За дел од медиумите, веста претставува изненадување, бидејќи „Мекдоналдс“ овој месец го реновираше ресторанот во сараевската населба Неџариќи, со целосно нов концепт и дизајн.

Првиот ресторан на „Мекдоналдс“ во БиХ беше отворен во јули 2011 година, со што земјата тогаш стана 118-тата држава во која се отворени популарните ресторани за брза храна.

Во моментов, „Мекдоналдс“ има над 38.000 ресторани во над 100 земји ширум светот.

30.12.2022 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа