Анкара: Ако Атина ги прошири своите територијални води, ќе има ескалација
Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, најави дека во случај Грција да ги прошири територијалните води на 12 наутички милји, ќе има сериозни последици.
„Неодамна, министерот за надворешни работи рече дека секое проширување на територијалните води на повеќе од 6 милји, а не 12 милји, веднаш ќе наиде на приговор, противење и жесток отпор од Турција. Ние ќе се спротивставиме, нема да го прифатиме“, одговори Калин на прашањето на новинарот на НТВ каков ќе биде одговорот на Турција доколку Грција ги прошири своите територијални води на Крит, пренесува „Катимерини“.
Калин изјави дека во случај на проширување на територијалните води на Крит турските бродови „ќе тргнат од Истанбул и ќе ги затворат излезните премини кон Медитеранот и нагласи дека Анкара нема да прифати таков чекор на Атина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа