Хорор во Љубљана: Убиен маж, очевидец е неговото малолетно дете
Во Љубљана убиен е 34-годишен маж, а полицијата се уште трага по убиецот, јавуваат словенечките медиуми.
Убиецот е висок околу 170 сантиметри, облечен во темна облека и маскиран. Тој побегнал пеш од местото на настанот, во месноста Вич, во Љубљана кон Рожна Долина, велат од тамошната полиција.
На местото на злосторството полицијата пронашла поголема сума пари. Убиениот 34-годишник од Љубљана не бил случајна мета, бидејќи во април 2020 година бил застрелан од грб. Тој бил вооружен и возвратил.
Како што рече на прес-конференција претставникот за односи со јавноста, Александра Голец, полицијата вчера околу 15 часот била информирана за инцидент во месноста Вич, во кој едно лице е повредено, пренесува Индекс.хр.
Полицијата на местото на настанот пронашла тешко повреден маж, кој од тешките повреди набрзо починал. Мажот е убиен со огнено оружје, соопшти полициската управа во Љубљана.
Според очевидци, жртвата наводно била застрелана пред малолетното дете кое седело на задното седиште.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа