Христијан Пендиков денеска ќе биде опериран на ВМА во Софија

 

Претепаниот секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков ќе биде денеска опериран на ВМА во Софија.

23-годишното момче во четвртокот беше претепано од страна на тројца охриѓани и притоа се здоби со тешки повреди: пукнат вратен пршлен, скршена вилица и повреди на главата. Во петокот со бугарски владин авион „Фалкон“ беше пренесен на Воено-медицинската академија во Софија.


Таму лекарите констатираа дека состојбата му е средно тешка, но не е во животна опасност.

23.01.2023 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега