Нов проблем: И Албанците од јужна Србија бараат своја заедница на општини
Албанците кои живаат во трите општини на југот од Србија, Прешево, Бујановац и Медвеџа, најавуваат големи протести за во март, пишува сараевското „Ослобоѓење“.
Главното барање на тамошните Албанци е да се формира заедница на албанските општини по примерот на најавената заедница на српските општини од северот на Косово. Обвинувајќи дека се дискриминирани тие за споредба го користат фактот дека во косовскиот парламент се обезбедени места 20 претставници на помеѓу 80 и сто илјади срби кои таму живеат додека 140 илјади Албанци во Србија имаат само еден свој претставник во парламентот на Србија.
– Албанците во Прешевска Долина се дискриминирани во сите сфери. Сакаме реципроцитет. Не бараме ништо повеќе од тоа што го бараат Србите на Косово – изјавил Шаип Камбери, единствениот Албанец во српската Скупштина.
За таквата состојба, тие ги обвинуваат властите во Белград, но и европските институции во Брисел, за кои тврдат дека воопшто не биле заинтересирани да се занимаваат со оваа прашање.
По повеќегодишното пролонгирање на решавањето на оваа прашање, советникот во американскиот Стејт департмент Дерек Шолe и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, деновиве посочија дека е време на Косово да се формира заедница на општини со српско мнозинство и дека тоа е правно обврзувачка меѓународна обврска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа