Бугарската потпретседателка Јотова: Покрај уставот, измени треба да се случат и во учебниците, историјата

 

 

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во Варна изјави дека е време за средба меѓу владите на Бугарија и Република Северна Македонија и побара да се преземат посериозни мерки по последниот инцидент со граѓанин со бугарски идентитет.

Доставувањето нота до македонскиот амбасадор таа го оцени како недоволна акција, бидејќи има информации дека се подготвува текст за промена на уставот на Северна Македонија, но во пракса нема никаков развој.

Потпретседателката Јотова повика да не заборавиме дека, покрај уставот на РСМ, треба да има измени и според потпишаните заеднички протоколи, кои зборуваат за промени во учебниците, оценување на историски датуми и личности и отворање на досиеја, но ништо од ова, како што вели, не е направено пренесува бугарското „БНТ“

„Не се осмелувам ни да помислам дека новата бугарска влада ќе отстапи од веќе воспоставената бугарска позиција, која не е само на официјалниот кабинет, туку и на претседателската институција, на Народното собрание, не се осмелувам да мислам дека ќе има чекор назад“, рече потпретседателката на Бугарија, пренесува медиумот.

Денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека Бугарија не може да постави нови услови, бидејќи преговарачката рамка е затворена.

15.06.2023 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега