Ни со велоиспед не успеал да и побегне на полицијата - дилер полн дрога фатен во Инџиково
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес на осомничениот во селото Инџиково, додека со велосипед се свижел кон домот и се обидел да им избега на полицијата, биле пронајдени речиси 50 грама амфетамин и помало количество марихуана.
Притворската мерка е предложена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа