Проверете кои производи се со намалени цени
Денеска почнува „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ со која над 800 прехранбени производи ќе бидат достапни по пониски цени.
Премиерот Христијан Мицкоски информираше во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат цела низа на производи како леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци и друго..
Акцијата трае до 15 јануари, додека листата со производи можете да ја видите на веб страната mojakosnica.mk.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа