Граѓаните вознемирени: Три земјотреси ја погодија Македонија
Утрово, граѓаните на Македонија беа разбудени од низа земјотреси. Најсилниот потрес со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала, се почувствува во Скопје и неговата околина. Епицентарот на земјотресот бил локализиран 11 километри северозападно од градот, на границата со Косово, на длабочина од 13 километри.
И во јужниот дел на државата беа регистрирани земјотреси. Во 1:12 часот, во близина на Дојран, се случија два последователни потреси со јачина од 3,1 и 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Иако земјотресите предизвикаа страв кај населението, за сега нема информации за повредени лица или поголема материјална штета.
Ова не е првпат во последните денови Македонија да биде погодена од земјотреси. Повеќе послаби потреси беа регистрирани и минатата недела, што укажува на зголемена сеизмичка активност во регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа