Скопските мафијаши тргнале да бегаат во Косово - МВР им ја затвори границата

 

Премиерот Мицкоски им се извини на граѓаните кои вчера се нашле на граничниот премин Блаце кон Косово во моментот кога полицијата ја спроведувала акцијата за приведување на осомничените кои се дел од криминалните скопски мафијашки кланови.
Според информациите кои во моментов се достапни за јавност, крт од поранешните структури на МВР ја издал информацијата дека се готви акција по што криминалците тргнале да бегаат кон Косово. Но полицијата била побрза. Успеала да стигне пред нив на граница и да ги приведе.
Премиерот попладневно немаше повеќе информации за оваа акција освен дека се работи на случајот.
Планирано било акцијата да се спроведе во вторник, но поради протекување на информации од лице вработено во МВР, истата морала да биде брзо реорганизирана и извршена во текот на вчерашниот ден.

16.12.2024 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега