Пекол во тропскиот рај: Силен земјотрес во Вануату

 

Голема материјална штета е направена по земјотресот кој со јачина од 7,4 степени го погоди Вануату, вклучително и на објект во главниот град Порт Вила, во кој се наоѓа американската Амбасада, заедно со оние на Британија, Франција и Нов Зеланд.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат искривени прозорци и оштетени бетонски столбови.

Очевидци укажуваат и за жртви во Порт Вила.

Од земјотресот урнати се мостови, предизвикани се свлечишта и оштетени објекти.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри во близина на главниот град Вануату, мала островска држава во јужниот дел на Тихиот Океан.

17.12.2024 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега