Од полноќ нови цени на горивата - нафтата забрзано поскапува
По празничните денови, Регулаторната комисија за енергетика веројатно денеска ќе и објави новите малопродажни цени по кои ќе се продаваат горивата од полноќ. Движењето на цената на суровата нафта на светските берзи најавува дека веројатно од утре ќе имаме повисоки цени.
Суровата нафта само од почетокот на годинава поскапи за нешто помалку од 3 долари за еден барел и во моментов се движи околу 77,6 долари.
Последен пат Регулаторот ја промени цената на 30 декември кога одлучи да поскапи 95 октанскиот бензин за половина денар и во моментов тој се продава за 77 денари за литар. 79 денари е 98 октанскиот бензин а дизелот чини 71 денар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа