Пекабеско донираше апарати за Детската клиника

 

Инкубатор, два бебитерми и два перфузори доби Детската клиника. Компанијата Пекабеско, која за својот 45. роденден наместо забава, одлучи  парите да ги донира за најмалите.

„Ова не е прва донација која Пекабеско ја прави во здравството. Како општествено одговорна компанија донираме во континуитет и тоа секогаш кога е неопходно со цел да ја покажеме нашата поддршка кон докторите и медицинскиот персонал. Оваа година Пекабеско слави значаен јубилеј - 45 години од постоењето и под мотото 'децата се нашето најголемо богатство' одлучивме финансиските средства кои беа планирани за организирање на прослава да ги пренамениме за набавка на медицински апарати за потребите на Детската клиника во Скопје. Во соработка со Министерството за здравство и Детската клиника беа одредени приоритетните медицински апарати и сум посебно горд што за еден месец беше реализирана целокупната донација и веќе овие медицински апарати се на услуги на сите на кои им се неопходни.“, изјави Слободан Кутревски, Прв извршен директор на Пекабеско.

Со оваа најнова донација, Пекабеско дава директна поддршка на активностите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести преку донирање на еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на оваа Клиника каде годишно нега добиваат околу 1.500 дечиња.

Покрај донациите во здравството, за постојаната поддршка на Црвениот Крст на Пекабеско му беше доделено признанието „Сребрен поддржувач“, а компанијата високо ја цени поддршката која ја ужива на македонскиот и извозните пазари покажувајќи постојана грижа за заедницата. За таа цел, компанијата гради бројни партнерства, давајќи придонес и поддршка на многубројни културни, спортски, младински и други хуманистички активности.

 

09.01.2025 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега