Пиштат сирените во Лос Анџелес: Наредена итна евакуација за 180 000 жители
Во округот Лос Анџелес сè уште има 179.783 жители под наредба за евакуација, изјави денеска шерифот Роберт Г. Луна.
– Тоа се скоро 180.000 луѓе во округот Лос Анџелес кои моментално се под наредба за евакуација, а уште близу 200.000 жители се под предупредување за евакуација, рече Луна.
Предупредувањата за евакуација се совети за жителите да се „подготват“ да ги напуштат своите домови веднаш, појасни Си-Ен-Ен.
Шерифот рече дека одбивањето на некои луѓе да ги почитуваат наредбите за евакуација ги става во опасност животите на службениците за спроведување на законот.
– Не можам доволно да нагласам дека ги повикувам жителите од кои се бара да се евакуираат да ги следат нашите предупредувања, рече Луна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа