Вучиќ се пожали: Американците не казнија

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва потврди дека САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС) и додаде дека Србија ништо не придонела за тоа.


Во обраќање до граѓаните, тој рече дека САД издале официјално соопштение за тоа и оти тие само што почнале „одлуките да ги објавуваат на нивните веб-страници“.


 

– Добивме многу објаснувања во актот за предизвестување и сакам да кажам дека тие објаснувања ќе продолжиме да ги добиваме вечерва и утре во разговори со највисоките американски претставници … кои се наши гости во Белград, рече Вучиќ.

Тој истакна дека „Србија на никаков начин не придонела за воведување вакви санкции против компаниите кои работат во нејзината земја“.


– Ние на никаков начин не се мешавме во судирите на големите сили, во глобалниот конфликт, бевме внимателни, се дистанциравме … не заземавме ничија страна, денес сме соочени со тешки и сериозни санкции, рече тој.

Вучиќ изјави дека за ова прашање ништо не се крие од граѓаните на Србија и дека владата била транспарентна за се што дознала, иако, како што рече, понекогаш американските партнери биле лути поради тоа што владата излегувала во јавност пред да сакаат тие“.

– Не сакавме да ги измамиме граѓаните на Србија и им ја кажавме вистината …, рече Вучиќ и додаде дека за официјален Белград „многу важни работи сè уште остануваат недоволно јасни и разјаснети“ во врска со американските санкции за НИС.

Тој потсети дека српската влада го продаде НИС на руски Газпромњефт во 2008 година.

– Тогашниот претседател Борис Тадиќ и премиерот Воислав Коштуница донесоа одлука една од најважните компании да му ја предадат на Газпромњефт, се разбира за соодветна сума. Сите овие години НИС значително придонесе и за буџетот и за бројните развојни проекти на Србија, рече Вучиќ и додаде дека САД воведоа санкции за НИС неколку дена пред промената на власта во Ваингтон.

– Намерата не е Србија, барем така велат, Американците не ја таргетираат, ниту е само НИС, туку сеопфатен удар на Русија, која нема производство на нафта, туку и сите поврзани компании, вклучително и НИС, рече српскиот претседател. 

10.01.2025 - 18:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега