Директно од аеродром на состанок - Мицкоски разговараше за инвестиции на Рамбл во Македонија

 


Премиерот Христијан Мицкоски директно од аеродром замина на состанок.

Во Вашингтон имав исклучително продуктивен долг состанок со мојот пријател Крис Павловски сопственик на Рамбл компанијата каде дел од акционерската структура се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс потпретседател на САД како дел од новата администрација на претседателот Трамп, напиша Мицкоски.

„Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари. Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата. Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината. Се бориме за напредок и иднина на нашите граѓани и татковината, објави на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

19.01.2025 - 13:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега