Две лица убиени во напад во парк во Баварија
Во баварскиот град Ашафенбург две лица загинаа, а неколку се тешко повредени во напад што се случи во паркот Шонтал.
Според првичните информации, околу 11:45 часот со остар предмет биле нападнати неколку лица. Полицијата соопшти дека тројца возрасни и едно дете се повредени, објави Билд. Набргу потоа било потврдено дека две лица загинале, а според Билд меѓу жртвите има и дете.
Според информации од полицијата, едно лице е уапсено, а други осомничени нема. Мотивот за нападот засега не е познат, но полицијата вели дека не се работи за терористички чин.
Сообраќајот на возовите на јужната станица беше прекинат бидејќи осомничениот наводно се обидел да избега преку шините.
Паркот Шентал, кој се простира на девет хектари, моментално е широко ограден. Портпаролот на полицијата изјави дека нема опасност за јавноста. За брзо апсење на осомничениот можело да придонесат честите патроли на полицајци во овој парк.
Ашафенбург се наоѓа во административната област Долна Франконија во Баварија, во близина на границата со германската покраина Хесен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа