Војната во Украина ескалира: Зеленски апелира за помош
По синоќешниот руски напад врз Запорожје, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара зголемен притисок и санкции врз Москва, како и повеќе системи за противвоздушна одбрана и оружје за украинската армија.
„Руската армија ноќеска го гранатираше Запорожје со ракети и беспилотни летала. Станува збор за напади врз станбени области и инфраструктура. Засега е познато дека едно лице загинало како резултат на овој терор. 26 лица се повредени. Сите надлежни служби се на терен. Тие прават се за да им помогнат на луѓето што е можно повеќе“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој додаде дека „дневниот терор на Русија врз Украина заслужува зголемен притисок врз терористите“.
Ветувањата на Западот дека еден ден ќе ја прифати Украина во НАТО беа лага, истакна Зеленски и додаде дека САД и Германија одржувале контакти со Русија во текот на целата војна, пренесуваат медиумите во регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа