Мицкоски: Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра
Јавните здравствени установи ќе добијат Буџет поголем за 100 милиони евра, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, одговарајжи на новинарско прашање.
-Можам да кажам и да ја информирам македонската јавност и граѓани дека јавните здравствени установи ќе добијат буџет за повеќе од 100 милиони евра, споредено со буџетот кој што го имаа минатата година, рече Мицкоски.
Овогодинешниот Буџет во Јавните здравствени установи ќе биде околу 540 милиони евра, вели премиерот Мицкоски.
-Ако минатата година буџетот се движеше некаде 27 милијарди денари, сега е некаде 33,2 милијарди денари или околу 540 милиони евра, појасни Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа