Апсења во Битола, Кичево и Велес, замрзната голема сума на пари: Проширена истрагата за „Адитив“ за злоупотреба со тендерите во ЕСМ

 

Проширена е истрагата за случајот „Адитив“. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) соопшти дека приведени се уште осум луѓе од Битола, Кичево и Велес, а извршен е претрес на една локација во Велес.

-Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е уште една Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека три лица опфатени со претходната истрага сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. За истото дело се осомничени и уште пет други лица од кои на првоосомничената се товари и за кривично дело Злосторничко здружување. На три лица опфатени со истражната постапка им се става на товар дека ја злоупотребиле службената положба и овластување. Воедно, во предметот покрај досегашните четири кривично одговорни правни лица опфатено е уште едно правно лице чиј сопственик и управител е првоосомничената. Ценејќи дека се исполнети условите, обвинителството до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе предложи мерка притвор против првоосомничената и мерки на претпазливост за останатите осум осомничени, додека за тројцата осомничени за кои веќе се води истражна постапка остануваат претходно изречените мерки за обезбедување на присуство, велат од ОЈОГОКК.

Во меѓувреме дополнително на предлог на обвинителството дополнително се замрзнати 22.399.953, 00 денари и едно патничко моторно возило во вредност од 4.735.000,00 денари. 

03.02.2025 - 11:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега