Неколку угостителски објекти се соочуваат со затворање - малолетници консумирале алкохол, приведени 36 лица
Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и од СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје во врска со точење алкохол на малолетни лица и други кривични дела.
Притоа, во еден од објектите биле затекнати тројца малолетници кои консумираат алкохол, а било извршено легитимирање на 10 лица.
Од друг објект приведени се 12 лица за утврдување идентитет.
Додека, во трет угостителски објект од слобода биле лишени 21 лице кои биле затекнати во објектот. Биле земени и примероци од алкохолните пијалоци кои ги консумирале малолетниците.
По завршување на вештачењето, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додека од Државниот пазарен инспекторат ќе им бидат изречени парични казни и управна мерка затворање на објектите на 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа