Коцевски: Васо ќе одговара за дело сторено со умисла
20-годишниот Васил Јованов ќе одговора за сторено дело со умисла. Ова денеска го соопшти Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски на прес-конференција.
-Искрено сочвуство на семејството. Од аспект на ЈО се преземаат сите дејствија за обезбедување докази за овој кривично правен настан. Од она што го знаеме до сега за ЈО е нсепорно дека станува збор за кривично дело сторено со УМИСЛА. Затоа ЈО во овој случај против осомничениот води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот. Ја уверувам целата јавност дека постапката ќе биде екифасна и ЈО ќе инсистира на најстрога казна. Истрагата е поведена за дело сторено со умисла, рече Коцевски.
Претходно денеска, во телевизиско гостување тој рече дека обвинителите истражуваат дали треба делото да се третира со умисла или од небрежност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа