Паднов: Јас откако станав директор има 32 обвиненија за затворски полицајци

 

„Од кога сум јас директор на управата за извршување на санкции има постапки во обвинителството, 32 обвиненија и постапки се водат против затворски полицајци. Од кога сме ние како ново раководство, јас како директор на управата за извршување санкции и директорите по останатите затвори 100 дисциплински претставки има против затворски полицајци. Дел од овие се суспендирани, не се веќе на работа“, истакна директорот на управата за извршување на санкции и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов во гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Пандов продолжи и додаде:

„32 постапки се водат во обвинителство, при тоа има заповедници во овие 32, има командири, од секаков калибар вработени. Над 100 дисциплински постапки се покренати во овој период. Не е дека ние сме останале на тоа дека не се правело или дека пак сме се предале во моментов“, рече Пандов.

Според Пандов волја, енергија, желба постојат, додека времето е премногу кратко. Главното решение според него е оформување на две интервентни единици кои не се поврзани со овие затвори.

„Неопходни се нови вработувања. Во дадениов случај ве уверувам дека без тие нови вработени реално многу тешко се работи, кај Утковски во Шутка на дневна основа од затворот Куманово и затворот Штип доаѓаат околу 15 затворски полицајци кои се на испомош затоа што бројката е под минимумот“, дециден е Пандов.

03.02.2025 - 20:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега