ВИДЕО: Шакира ја „запали“ сцената на Греми наградите
Колумбиската ѕвезда Шакира (48) ја освои наградата за најдобар латино поп албум на годината на Греми наградите, а во исто време ја вжешти атмосферата на церемонијата со огнен настап кој вклучуваше стомачен танц.
Шакира се појави на Греми сцената 18 години по нејзиниот претходен настап и изведе спој на две нејзини песни – стариот хит од 1998 година „Ojos Asi“ и „Las Mujeres Ya No Lloran“, кој беше вклучен на албумот за кој ја доби наградата.
Таа го отвори настапот со стомачен танц кој ја придружуваше песната „Ojos Asi“ со делови од препознатливата кореографија од концертите.
Пејачката блескаше облечена во златен комплет од два дела, со златни налепници на стомакот.
На Греми наградите Шакира дојде во придружба на синовите, Милан и Саша.
Watch Shakira’s full performance at the #GRAMMYs – featuring an exclusive medley of Ojos Así & Bzrp Music Sessions! pic.twitter.com/GQ2Hi49BWM
— ShakiraMedia (@ShakiraMedia) February 3, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа