Мицкоски на работен појадок со новинари - Продолжува „Каде срцето е дома“
Министерството за локална самоуправа наскоро ќе продолжи со серија теренски посети на општините низ земјава наречени „Каде срцето е дома“, со цел да се мапираат сите предизвици во нив и да се сублимираат насоки за нивно надминување.
Детали околу посетите ќе бидат соопштени денеска на работен појадок со медиумите во реновираниот Клуб на пратеници. На средбата најавено е присуствувото на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ресорниот министер Златко Перински, како и на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски.
Како што соопштуваат од Министерството за локална самоуправа, теренските посети на општините ќе бидат искористени за увид во реализацијата на инфраструктурните проекти финансирани со средства од централниот буџет, како и за размена на искуства и идеи за потребите на отворениот процес за измени на Законот за локална самоуправа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа