ФОТО: Утре нов бојкот на маркетите во Македонија - Социјалните мрежи "вријат"
На социјалните мрежи има нов повик за масовен бојкот на маркетите за утре, петок, 7. Февруари, именуван како „Црн петок“ за маркетите.
На 31. Јануари граѓаните ги бојкотираа поголемите маркети. Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а беше најавена и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.
Во осумте поголеми синџири на маркети во петокот е забележан пад на прометот за 46,59%, велат од УЈП за МРТ1.
Сепак, следниот ден, во Сабота, граѓаните пазареле двојно повеќе.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека се на терен и вршат контроли кај производителите на храна, дистрибутерите и маркетите.
____________________________________________________________________________