Јакимовски за смртта на Фросина: Што мајка треба да те роди да возиш 130 на Партизанска?
Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски вели дека вината за Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова од Неготино, треба да се префрли на Судот.
-Искрен да бидам ние не можеме да видиме полицаец низ градот. Кај мене до општината, континуирано се вози во обратен правец и кога разговарам со командирите и началниците да пуштат полицаец, за еден ден ќе ја вади платата за цела полициска станица, ќе ви кажат дека немаат луѓе. Добро, за што имаме ние луѓе во оваа држава? За мене е чудно кога некој ќе каже честитки до Владата, честитки до Пандов, честитки до полицијата…но, мораме да промениме многу работи за да се воведеме во ред. Судијката требаше ли да го запре на „Партизанска“ дека вози 130? За што ни служи полицијата? Ни станала како записничари, рече вчера Јакимовски гостувајќи во „Само вистина".
Јакимовски во гостувањето рече: „Што мајка треба да те роди за да возиш 130 на Партизанска"?
За потсетување, младата Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.
22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа