По цели 15 години: Муцунски во Мелбурн на средба со македонската дијаспора
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од вчера до 13 февруари престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.
Министерот Муцунски од Мелбрун се обрати преку својот фејсбук профил:
-Црквите имаат клучна улога во поврзаувањето со дијаспората, како и во зачувување на македонската култура, традиција како и духовен идентитет. -Во рамките на посетата на Австралија, со големо задоволство го посетив манастирот Св. Климент Охридски- најстариот македонски манастир во дијаспората, како и Раѓањето на Пресвета Богородица- најголемиот македонски соборен храм во Мелбурн, напиша тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа