"Ако облечам стар костум нема да го соблечам додека не умрам" - Последната објава на Игор Југ
"Во ормарот имам две одела. Едното е она во кое скоро сите ме препознаваат, во она другото многу малку луѓе ме имаат видено. Пред многу години си ветив себе си и на фамилијата дека тоа одело нема да го извадам и облечам. Тоа одело го симболизира стариот јас, Игор Југ кој 99% од вас не го познаваат, неговата црна страна".
Ова е дел од последната Фејсбук објава на Игор Југ, кој почина на 54 годишна возраст од срцев удар.
- „Ако облечам стар костум еднаш, нема да го соблечам додека не умрам,“ напиша Југ на Фејсбук пред својата смрт.
Инаку, Игор беше осуденик за настаните од 27 април, на прекин од затворската казна поради здравствени причини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа