Внимавајте на улиците - Кучиња-скитници искасале луѓе низ Македонија
Билтените на МВР секојдневно се полнат со информации за лица каснати од кучиња-скитници на територијата на цела Македонија.
Во 14 часот вчера во Полициската станица Драчево, Г.Ј.(67) од Скопје пријавил дека на улицата „Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Исто така, во полиција било пријавено и дека во 13.15 часот, Х.Р.(73) од Гостивар, на улицата „101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник, а неколку часа подоцна, во 17.35 часот 31-годишната В.Н. од Прилеп пријавила дека на улицата „Орде Чопела“ во Прилеп била касната од куче скитник.
11.02.2025 - 11:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа