Тинејџер со автомобил излетал под Кале: Бил со други малолетници, сите се во болница

 

Денеска во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

25.02.2025 - 11:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега