„Ќе го прекинам извозот на струја во САД“, се закани премиерот на Онтарио

 


Американскиот претседател Доналд Трамп не мораше долго да чека одговор од Канада по неговата одлука да воведе царина од 25 отсто на увозот од северниот сосед.

Имено, премиерот на Онтарио Даг Форд изјави дека е подготвен да престане да извезува струја во САД „со насмевка на лицето“, објави „Хил“.

„Доколку сакаат да се обидат да го уништат Онтарио, јас ќе направам се, вклучително и прекинување на нивното снабдување со енергија и ќе го сторам тоа со насмевка на лицето“, рече Форд на рударски саем во Торонто, објави Торонто Сан.

 

Форд ја потврди својата подготвеност да одговори со одмазднички царини, нагласувајќи дека САД се главен купувач на канадската електрична енергија.

„Тие зависат од нашата енергија. Тие треба да ја почувствуваат болката. Ако сакаат да одат против нас, ние ќе возвратиме двојно посилно“, рече тој.

САД се најголемиот увозник на електрична енергија од Канада. Во текот на 2023 година, Канада извезла 38 милиони мегавати електрична енергија во САД. Според извештајот на канадските медиуми, Форд рече дека ќе возврати „долар за долар“ со воведување царини „Токму тоа ќе го направиме“, рече премиерот на Онтарио.

Форд сугерираше дека федералните и провинциските влади се обединети во нивниот пристап во борбата против американските царини.

04.03.2025 - 11:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега