Македонија загуби од Словенија

 

Ракометната репрезентација на Македонија забележа пораз од Словенија со 26:32 (16:15) во третото коло од квалификациите за пласман на ЕП.

Македонските ракометари покажаа „две лица“ на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“. Одлични беа избраниците на Кире Лазаров во првото, но целосно потфрлија во вториот дел.

Македонија одлично го започна, во првиот дел ја достигна највисоката предност од шест голови разлика,(11:5).

Словенците бргу се консолидираа, полека ја топеа разликата и на полувреме Македонија замина со гол предност.
Во вториот дел Словениците беа подобри. Го презедоа водството, а прашањето околу победникот го решија со среијата (1:5) во завршните 10 минути.

Филип Кузмановски со десет голови ја предводеше Македонија, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски имаше девет успешни интервенции.

На табелата во групата Словенија води со максимални шест бода, Литванија е втора со четири, Македонија трета со два, последна е Естонија без освоен бод.

Следува реваншот, во Копер од 18 часот в недела.

12.03.2025 - 22:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега