Силен ветер од над 60 километри на час: УХМР со информации какво време не очекува
Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 19 степени до 26 степени.
Слично време ќе имаме и во последниот ден од оваа работна недела, но кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 20 степени до 28 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа