ВМРО-ДПМНЕ: Денеска ќе ви кажеме како заработува омилениот синдикалец на Филипче

 

Слободан Трендафилов, претседател на ССМ одработува за опозициската СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Трендафилов не води никаква битка за правата на работниците, неговата борба е да се оддолжи и да одработи за СДС затоа што незаконски беше поставен за прв синдикалец кој ужива во бенефиции.

Откако го премолчи периодот на владеење на СДС и за тоа време не бараше повисока плата за работниците, сега откако неговата партија народот ја испрати во опозиција, Трендафилов како на копче се активираше.

Илузорните негови барања се неаргументирани и истите не се поткрепени со никакви анализи, тие единствено се подготвени и произлегуваат од кујната на СДС, кои Трендафилов како нивен портпарол ги презентира во јавноста.

Трендафилов молчеше и од него не се слушна глас, ни кога над пола милион граѓани во владеењето на СДС, беа оставени на раб на сиромаштија со по 150 денари на ден и кога од 70.000 до 80.000 луѓе во Македонија имаа одвај три пристојни оброци неделно.

Тогаш, како дел од ССМ, Трендафилов не побара власта на СДС да ги покачи платите за македонските граѓани и работници да имаат пари барем за пристојни три оброка дневно.

Исто така, Трендафилов ќе биде запаметен како единствен синдикалец кој не го поздрави покачувањето на платите во здравството и во образованието, покачување кое до сега е историски највисоко.

На Трендафилов никој веќе не му верува, ниту јавноста ниту пак работниците, затоа што знаат дека ги искористува за тој да ужива во бенефиции, удобен живот, репрезентации и службено возило.

И додека народот е на минималец, синдикалецот на СДС е на максималец, а денес ќе соопштиме колку заработува омилениот синдикалец на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 
15.03.2025 - 10:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега