Му се родил син па излегол да слави - Загинал во пожарот во Кочани
Трагедија ја зави Македонија во црно откако во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 лица, а стотина се повредени, по пожар кој избил и брзо се проширил.
Една од жртвите во ужасот е 30-годишното момче Тоше Богданов од Облешево, кој кобната ноќ излегол со своите пријатели за да го прослави раѓањето на синот, пишува српски Телеграф.
Работел како автомеханичар и живеел со сопругата, која според неофицијални информации се породила неколку дена пред трагедијата.
Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема “, изјави за Информер извор запознаен со случајот.
Голема трагедија, нека почива во мир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа