Позната состојбата на повредените пациенти кои се пренесени во ВМА во Белград, сите се во шок соба
Српските лекарски екипи згрижија повеќе од десет лица кои се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие во текот на вчерашниот ден и вечерта со амбулантни возила и авион на војската на Србија беа пренесени во болниците во Белград, а сместени се во ВМА и во Клиничкиот центар на Србија.
Како што објави Телеграф.рс, сите пациенти примени на ВМА се во шок собата. Пет од нив биле интубирани. Според неофицијални информации, станува збор за пет млади момчиња и една девојка.
Младите мажи се на возраст меѓу 18 до 27 години, а изгорениците зафатиле и до 30 отсто од површината на нивната кожа. Девојката која е префрлена на ВМА има 18 години и има изгореници кои покриваат 24 отсто од нејзината кожа.
59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа