ЕВН најави исклучувања - Овие улици остануваат без струја
Во повеќе делови од Скопје денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според известувањата од ЕВН Македонија, без струја ќе бидат делови од Рашче, Кисела Вода и Зелениково.
Од ЕВН Македонија соопштуваат дека без електрична енергија во периодот од 08:30 до 11:00 часот, ќе останат дел од корисниците на село Рашче на влезот и кај долната Џамија, а во периодот од 11:00 до 15:30 часот, струја ќе нема во село Рашче кај школото и патот за село Копаница (општина Сарај).
Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, струја ќе нема на улицата „Иван Хаџиниколов“, на потегот од бр.11 до бр.33 (општина Кисела Вода), а од 09:00 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од Страхојадица, Ново Село, дел од село Зелениково, Смесница, Пакошево во општина Зелениково.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа