Трагедија во Македонија: Возило излета од пат, едно лице загина на лице место
Уште една страшна несреќа со човечки жртви ја потресе Македонија, кога едно лице загина, а едно е тешко повредено, близу долнореканското село Скудриње.
Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, информираше дека вчера околу 18 часот во Полициско одделение Ростуше била пријавена сообраќајна несреќа на регионален пат Маврово - Дебар, кај месноста Скудрински мост.
-Патничко возило „Ланд Ровер" со тетовски регистерски таблици излетал од пат и на самото место починал возачот Ш.С.(49) од Тетово, додека сопатничката, негова сопруга А.С.(47) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, рече портпаролот Реџепи.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство до јавен обвинител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа