Дивеел со Ауди, направил сообраќајка па „дувнал" 4,13 промили алкохол - Карамбол за Велигден во Србија
Вистински карамбол се случил во Србија за велигденските празници кога возач со 4,13 промили алкохол во крвта, направил сообраќајка, па се обидел да избега.
Како што пренесуваат српските медиуми, на 20. април во Белград, 46-годишниот Н.К. предизвикал сообраќајка со своето возило марка Ауди. Околу 17 часот и 15 минути тој оштетил возило марка Цитроен, а полицијата го фатила кога се обидел да избега.
При алкотестирањето се покажало дека има 4,13 промили алкохол во крвта.
Против возачот ќе има соодветна пријава.
22.04.2025 - 08:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа