Таравари: Ќе ја напуштиме Владата ако премиерот смета дека не сме потребни

 

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, денеска во изјава за медиумите кажа дека доколку премиерот Мицкоски смета дека се непотребни, ќе ја напуштат Владата.

- „Како политичка партија одлучивме да излеземе со сопствени советнички листи, исто како што одлучи и ЗНАМ, но во една меѓусебна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ. Истото го понудивме и на ВЛЕН, и гледам големи реакции од тоа што остана во ВЛЕН. Мораме периодов да бидеме внимателни и порационални, затоа што станува збор за политика. Ако во ВЛЕН се одлучни за она кое го зборуваат минатите денови, тогаш ние како партија ќе ги видиме нашите опции за кандидатите за градоначалници“, рече Таравари.

Истакна дека разговарал со премиерот Мицкоски, и повторно ќе има разговор со него.

- „Владата ја прави премиерот. Разговарав со премиерот, и повторно ќе разговарам. Ако смета дека Алијанса за Албанците не е потребна, нема проблем. Лично сметам дека партијата е потребна. Не може никој друг да каже освен премиерот. Не треба да брзаме“, изјави министерот за здравство.

24.04.2025 - 10:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега