Ристески не очекува поскапувања од четврток: Tрговците ја научија лекцијата

 


Ако цените нагло почнат да скокаат од четврток, кога истекува сегашната мерка за ограничени маржи до 10 %, мерката може да продолжи, најави денес заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој смета дека со сите досегашни мерки трговците ја научиле лекцијата и нема вештачки да ја креваат инфлацијата и цените.

Прво ќе видиме какви конечни резултати даде мерката. Од она што го имамвме досега од Државниот завод за статистика резултатите беа добри, ги знаете податоците, но крајните резултати ги чекаме наредната недела.

„Ако има потреба би продолжиле со мерката, ако нема тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените. Се надевам дека поучени од минатото сите оние учесници во ланецот на трговија се надевам ја научија лекцијата дека пред се треба да бидат граѓаните и заштитата на животниот стандард. Ние сите заедно треба да направиме се за да го заштитиме стандардот на граѓаните односно да не правиме вештачко подигнување на инфлацијата и цените кога нема економски прилики за тоа, односно да ги почитуваме законите на економијата“, рече заменик – министерот Ристески.

Според досегашните податоци од Државниот завод за статистика, досегашната мерка, според Ристески, дала добри резултати, но за одлука дали таа ќе продолжи ќе ги почекаат конечните резултати. Тие ќе бидат готови следната недела.

Во февруари годинава Владата за да го заузда покачувањето на цените донесе одлука за ограничување на бруто-профитните маржи на над 1.000 прехранбени производи и средства за хигиена со важност до крајот на април.

29.04.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега