Тешка сообраќајка во Скопје: Удрил во полицаец, па го забил во друго возило

 

На 10 Мај во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на раскрсница од улицата „Џон Кенеди“ со булеварот „Благоја Паровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(34) од Скопје и мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Љ.С. (кој извршувал работни задачи),  а по судирот мотоциклот излетал надвор од коловозот и удрил во паркирано патничко возило „пежо 308“.

Во несреќата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

12.05.2025 - 08:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега