Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди, во моментов нема разговори за размена на ресори

 

Министерството за здравство со кое раководеше Арбен Таравари кој излегува од Владата ќе остане ресор на ВРЕДИ. Еден од лидерите на Коалицијата, Биљал Касами рече дека досега не се разговарало за размена на сектори, но по заминувањето на Таравари тие се подготвени да разговараат во тој правец.

-Нема разговори за размена на министерства. Јас дадов изјава дека една од причините зошто го презедовме Министерството за здравство беше затоа што директно Арбен Таравари побара да биде министер за здравство. Секако, кога се прават договори за позиции и одговорности, тие се распределуваат и според капацитетите што ги имаме. Јас кажав дека постои можност, доколку Вреди има некоја нова распределба за друг кадар кој би бил поважен, тогаш тоа би требало да се разговара со Владата. Во моментов не е разговарано, Министерството за здравство останува кај Вреди, изјави Касами.

 

14.05.2025 - 14:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега