„Не е важно, еден Ром помалку“ - шокантна изјава на возачот кој усмрте седумгодишно момче
7- годишното дете Самир Хусеин од Загреб е најмалиот член на 11 членото семејство, тие не дочекаа нивниот син да тргне во првото одделене. Неговиот живот во неделата во поладневниоте часови пред куќниот праг беше згаснат од пијаниот возач Дарко. К.
Пиајниот сосоед кој во него имало 3, 43 прмили алкохол во крвта, го рпегази малиот Самир и си продолжил да вози како ништо да не се случило низ загребските улици. Освен што тој бегал со автомобилот паднале и тешки зборови од устата на пијаниот возач, зборуваат сведоците - „ Што скате вие Роми од мене“?.
- Се слушна страшен удар. Комбето со сите четири тркала го прегази детето и продолжи да вози. Почнав да трчам по него можеби еден километар. Викав: Дојди,дојди! А тој уште толку притисна на гас, сепак не можеше тој толку брзо да вози колку што јас можев во тој момент да трчам. Го стигнав и му отворив врата, го прашав дали знае што направил? Го извадив од автомобилот со помош на уште неколку соседи и го внесовме во куќа. Беше толку пијан што не можеше ни да оди, раскажуваше низ солзи вујкото на 7- годишниот Самир.
Додека чекале полицијата да дојд, на пијаниот возач соседите се труделе да му објаснат дека тој убил дете. Одговорот кој го добиле од Дарко бил шокирачки: „Не е важно ,еден Ром помалку“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа