Крвава расправија: Со голи раце си го задавил соседот

 

Хорор ја потресе Србија. Викендов 43-годишниот Дарко Т. по кратка расправија се разбеснил и со голи раце си го задавил соседот, 55-годишниот Радоја Т.

Откако го убил својот сосед, убиецот се јавил кај братучед на жртвата и признал што сторил. Братучедот веднаш се јавил во полиција, по што бесниот Србин бил приведен.

Соседите за српскиот Курир велат дека убиениот бил не среќен бидејќи со години се соочувал со трагедија откако неговиот син настрадал во сообраќајна незгода, додека неговата ќерка има пречки во развојот.

Убиецот ќе си го одлежи заслуженото.

07.04.2014 - 09:49
Фото: 
точка

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега