Се обидел да обие Ауди Q7- изговорот ќе ве насмее
Минатата недела во Будва полицијата интервенирала и уапсила разбојник кој се обидел да обие автомобил марка Ауди Q7 кој бил паркиран на паркингот во центарот на градот.
Полицајците забележале дека некој се обидува да влезе во автомобил кој бил паркиран преку улица од трговскиот центар TQ Плаза.
Сè изгледаше чудно, бидејќи човекот постојано удираше со тупаници во бравата, што веднаш доведе до сомнеж кај полицијата, јавувааат тамошните весници.
Полицијата веднаш интервенирала и го уапсила разбојникот кој се обидел да го обие автомобилот. На прашањето зошто сакал да го обие автомобилот средовечниот човек одговорил дека немал каде да преспие па се решил на тој чекор.
Ако нема каде да преспие барем има одличен вкус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа